• Мартин Танасковски
Според грчкиот портал „Тоталбаскет“, Жељко Обрадовиќ е прв кандидат за нов тренер на Панатинаикос доколку дојде до разделба со Ергин Атаман.
Грчките медиуми наведуваат дека во Атина сериозно се размислува за враќање на легендарниот српски стратег, човекот кој ја одбележа најуспешната ера во историјата на клубот.
„Панатинаикос повторно размислува за враќање на човекот кој ја промени историјата на клубот. Жељко Обрадовиќ е главната желба на сопственикот за новата ера на Панатинаикос, додека иднината на Ергин Атаман е под голем знак прашалник по разочарувачката сезона“, пишува „Тоталбаскет“.
Жељко Обрадовиќ важи за најтрофеен тренер во историјата на европската кошарка, а токму со Панатинаикос освои голем дел од своите титули во Евролигата.
Неговото евентуално враќање би претставувало вистинска сензација за европската кошарка, особено ако се земе предвид неговиот последен ангажман во Партизан, каде повторно изгради конкурентен тим и силна врска со навивачите.
Засега нема официјална потврда од Панатинаикос или од самиот Обрадовиќ, но шпекулациите веќе предизвикаа огромно внимание кај кошаркарската јавност.
