Жељко Обрадовиќ поради ковид-19 се врати во Србија

Трофејниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ се врати во Србија, откако Владата испрати авиони по своите државјани кои се во Турција.

Министерството за надворешни работи информира дека 150 граѓани на Србија кои биле во Турција ќе се вратат во татковината за време на коронавирусот. Меѓу нив е и 60-годишниот стратег кој работи во Фенербахче.

Дел од српските спортисти решија да останат во Турција и да не се враќаат дома, за да го избегнат процесот на карантин и изолација. 

Турција на стартот на коронавирусот не беше зафатена од истиот, но со тек на време, вирусот пристигна во земјата и масовно почна да се шири. Засега има 1,874 заразени случаи, а забележани се 44 мртви.