Желбата на Ирвинг е ЛА Лејкерс, сака пак да игра со Џејмс

Кајри Ирвинг побара трејд од Бруклин Нетс и сака да има нов клуб во НБА-лигата, а веќе е позната и неговата желба, тврдат медиумите од Сoeдинетите Американски Држави.

„Мрежичките“ со Дурант, Харден и Ирвинг сакаа НБА-титула, но тоа не оди баш така лесно. 30-годишниот Ирвинг не сака повеќе да чека и побарал трејд. Има и желба, која не е соопштена јавно, меѓутоа новинарите пишуваат дека сака во ЛА Лејкерс.

Причина за таквото нешто е Леброн Џејмс. Двајцата играа во Кливленд Кавалирс и ја освоија титулата во најсилната кошаркарска лига во светот. Има уште две имиња во игра за Ирвинг, тоа се Феникс Санс и Далас Маверикс.

Ирвинг три години игра во Бруклин, а од стартот на оваа сезона тој има просек од 27,4 поени, 4,4 скока и 5,8 асистенции по натпревар.