Жалгирис по епски пресврт ја освои Пиреја, Макаби според планот против Алба

Жалгирис

Новата сезона во Евролигата започна со натпревар меѓу Анадолу Ефес и Зенит Петербург кој заврши во полза на рускиот претставник (69-73). Домаќинот имаше контрола над резултатот до последната четвртина кога наиде на одличен противник кој сочува сили за завршницата и стигна до стартна победа. Најзаслужен за тоа беше Кевин Пангос кој оствари учинок од 23 поени.

  • Анадолу Ефес - Зенит 69-73:

  • Потег на натпреварот (Алекс Појтрес):

Макаби Тел Авив ја отвори сезоната со домашен триумф над Алба Берлин (80-73), кој се очекуваше според квалитетот на екипите. Германците покажаа заби во првата четвртина која ја добија со двоцифрена разлика. Но, потоа застанаа и му ја препуштија играта на израелскиот гигант.

  • Макаби Тел Авив - Алба 80-73:

Домашниот тим одигра перфектно пред паузата и го сопре ривалот на само 12 поени. Кошаркарите на Јоанис Сфаирополус беа на ниво во нападот и заслужено запишаа први бодови во новата сезона. 

Големо изненадување направи Жалгири со победата среде Пиреја кај Олимпијакос (67-68). „Црвено-белите“ разочараа во завршниот квартал во кој постигнаа само двете поени. Поради тоа си ја отежнаа работата, а овој период го искористија гостите за преку слободните фрлања на Јакубаитис да освојат цел плен кај големиот противник.

  • Олимпијакос - Жалгирис 67-68:

Григонис со 15 и Ловерњ со 13 поени беа најефикасни кај литванскиот првак, а Мартин беше единствен со двоцифрен учинок кај грчкиот клуб.