• Саше Љолес
Според информациите на повеќе кошаркарски портали, литванскиот Жалгирис го договорил трансферот на досегашниот играч на Виртус Болоња, Карсен Едвардс.
Екс-кошаркарот на Бостон, Детроит, Фенербахче и Баерн Минхен ја заврши сезоната како еден од најдобрите стрелци во Евролигата, просечно бележејќи 17,3 поени по натпревар.
Во Жалгирис го гледаат како замена за Силвијан Франциско, кој веќе ги договорил личните услови со францускиот Асвел.
Литванскиот гигант се обидува да создаде поконкурентен состав за следната сезона, со надеж за пласман во плеј-офот и учество на завршниот евролигашки турнир.
