Жалгирис пред мечот со Реал му оддаде почит на легендарниот центар

Литванскиот гигант Жалгирис по повод 80. сезона на клубот реши да му оддаде почест на легендарниот центар Арвидас Сабонис, а во чест на неговиот шеесетти роденден кој го прослави минатиот месец.

60-годишникот кој блесна играјќи за Жалгирис пред да тргне преку Форум Ваљадолид и Реал Мадрид до НБА лигата и седум сезони во Портланд доби почест. Сабонис беше поканет на натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид, каде што на голема сцена доби овации од „Жалгирио Арена“ во Каунас.

Арвидас Сабонис доби врамен дрес од страна на Жалгирис, а клубот на големиот екран пушти и видеа од неговото време во клубот. Тој играше за Жалгирис во три наврати, од 1981 до 1989 година, а потоа и во сезоните 2001/02 и 2003/04 пред да замине во пензија.