Жалгирис ќе има рекорден буџет во претстојната сезона

Раководните луѓе на кошаркарскиот клуб Жалгирис објавија дека тимот во претстојната сезона ќе го имаат најголемиот буџет во историјата на клубот. Новиот буџет на клубот ќе изнесува 10,7 милиони евра или 2,2 повеќе од оној во минатата сезона.

Според извештајот оваа сезона, 7,4 милиони евра ќе бидат потрошени за плати на играчите, а покрај тоа тимот од Каунас објави дека воедно ги подмирил и сите долгови на клубот.

Минатата сезона Жалгирис успеа да се пласира на Ф4 во Белград, каде го освои третото место, а во новата сезона амбициите повторно се високо поставени. И покрај бројните понуди од европските гиганти, во тимот остана тренерот Шарунас Јасикевичиус, а како засилувања во тимот пристигнаа Нејт Волтерс, Томас Вокап, Григонис и Сабецкис.