Жалгирис го „уништи“ Фенер, продолжи серијата порази за Анадолу Ефес

Жалгирис

Очајната сезона на Фенербахче продолжи на гости кај Жалгирис каде загуби со 99-62 во 15. коло од Евролигата. Гостите од Турција започнаа со само седум постигнати поени по првите десет минути, па очекувано немаа на што да се надеваат на денешниот меч во Каунас.

Литванскиот првак ја запиша четвртата победа во низа на европска сцена и покажа надмоќ во однос на ривалот. Домаќинот ги реши сите четвртини во своја корист, а особено беше убедлив во првата и третата, кога ја направи клучната разлика. Григонис со 12 поени беше прво име кај Жалгирис, а Де Коло постигна 14 поени за Фенер.

Милано ја доби инфаркт завршницата кај Анадолу Ефес (69-72) и ја продлабочи кризата на турскиот клуб. Дилејни ја запечати победата со слободни фрлања на три секунди до крајот, а Пантер со 18 поени беше најдобар стрелец кај италијанскиот тим.

Бодовите на последниот натпревар од денешната програма ги однесе Панатинаикос кој очекувано го одбрани домашниот терен против Алба Берлин (92-36). Грчкиот гигант има сезона за заборав, во која има запишано само пет победи. Папапетру беше расположен за игра и се истакна меѓу стрелците со 17 поени зад своето име.