Жалгирис го продолжи договорот со еден од најважните кошаркари

Американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс-Гос ја продолжува соработката со Жалгирис, иако актуелниот договор му истекува во 2027 година.

Според информациите, литванскиот гигант сака да му понуди нов договор со важност до 2029 година, со вклучена клаузула за откуп доколку во иднина добие интересна понуда од друг клуб.

Вилијамс-Гос, кој во минатото го носеше дресот на Партизан, Олимпијакос, Јута Џез, Локомотив Кубан и Реал Мадрид, летово бил интересен и за грчкиот Панатинаикос, но Жалгирис ја одбил можноста да го пушти својот играч.

Американецот во Жалгирис се наметна како важен дел од тимот, па клубот сака долгорочно да ја обезбеди неговата иднина. Минатата сезона во евролигата просечно бележеше 11,5 поени, 2,8 асистенции и 2,4 скока по натпревар.