Зенит „замрзна“ во финишот кај Олимпијакос, дебакл на Жалгирис во Турција

Олимпијакос и Зенит одиграа супер-интересен меч на кој бодовите ги однесе грчкиот клуб (75-61), кој имаше подобра завршница.

Гостите од Санкт Петербург очајно се борат за плеј-оф, па секој бод е добредојден пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Сепак денес тие немаа сили за да го издржат налетот на „црвено-белите“, предводени од Спанулис.

Одбраната на домаќинот одигра клучна улога во финишот. Русите постигнаа само пет коша во последната четвртина и поради тоа немаа никаква шанса за победа. Спанулис заврши со 16, а Пангос со 20 поени беше најефикасен на теренот.

Најубедлив беше Анадолу Ефес на домашниот дуел со Жалгирис (89-62). Литванскиот првак беше непрепознатлив во Истанбул, а тоа има ја олесни работата на домашните кошаркари. Ларкин и Мициќ со 18, односно 17 поени беа први стрелци за турскиот претставник.

Сигурна на свој терен беше и Басконија против Баерн (78-71). Баварците имаа залуден финиш, во кој направија напори за да стигнат до бодови. На крај негативата беше превисока за да се анулира во само десет минути. Рејнолд постигна 18, а Лучиќ 17 поени за гостите, додека кај домашниот тим се истакна Гиедраитис со 15 поени.