Зенит врза две победи во Евролигата, по Ц. Звезда падна и Милано

По тешката и минимална победа над Црвена Звезда во претходното коло, екипата на Зенит забележа нов успех во Евролигата, откако вечерва со сигурни 79-70 славеше над италијанскиот шампион Олимпија Милано

Новиот руски „богаташ“ со овој триумф се искачи на четвртата позиција на табелата и ги сочува шансите за уште повисок пласман до крајот на регуларниот дел во европската кошаркарска елита.

Иако победата од девет поени разлика  делува како убедлива, сепак реалната слика од натпреварот е сосема поразлична, затоа што гостинот од Италија долго време играше рамо до рамо со фаворизираните Руси, но во клучните моменти, односно во последниот квартал, попушти концентрацијата и Зенит го искористи тоа и ја запиша својата 15 овосезонска победа.

Во таборот на рускиот тим се истакнаа Пангос и Гудаитис со по 16 поени, колку што имаше и најрасположениот кошаркар на Милано, Пантер.