Зенит со подобар финиш го доби Милано, убедлив пресврт за Уникс

Зенит

Зенит ја потврди одличната форма и на домашен терен го доби дербито против Олимпија Милано (74-70) во единаесеттото коло од Евролигата.

  • Зенит - Милано 74-70:

По три четвртини на семафорот стоеше израмнет резултат, па победникот се одлучуваше во последните десет минути. Одбраната беше пресудна, со оглед на малиот број поени во завршницата. Домашните кошаркари беа за нијанса подобро од ривалот и на крај продолжија со низата победа на европската сцена. Џордан со 17 поени беше прво име кај Зенит, а Родригез постигна 20 кај италијанскиот претставник.

  • Уникс Казан - Алба Берлин 85-71:

Нова победа запиша Уникс Казан кој пред своите гледачи направи пресврт во вториот дел и го доби дуелот со Алба Берлин (85-71). Германскиот тим имаше солидна предност во првата четвртина, која за нијанса се намали пред паузата. Меѓутоа гостите целосно потфрлија во продожението, во кое рускиот тим успеа на убедлив начин да прокнижи нови бодови. Марио Хезоња со 22 поени беше најзаслужен за конечниот резултат во корист на Уникс.

  • Анадолу Ефес - Монако 98-77:

Бранителот на европскиот трон Анадолу Ефес не му даде никакви шанси на Монако (98-77). Гостинската екипа парираше само во третата четвртина, но одигра далеку под своето ниво во остатокот од мечот. Родриге Бебуа постигна 17 поени за домаќинот, а кај гостинот се истакна Мотиејунас со 21 поен.