ВИДЕО: Зенит си поигра со ПАО и го завери последното плеј-оф место во Евролигата

Зенит

Убедливата победа против Панатинаикос на домашен терен за кошаркарите на Зенит донесе пласман во плеј-офот од Евролигата. Во претпоследниот дуел од регуларниот дел од сезоната, рускиот тим славеше со 112-83 и ја освои осмата позиција на табелата, пред Валенсија.

Влогот на овој натпревар беше преголем за домаќинот, кој ги доби сите четвртини во своја корист. Конечниот резултат не чуди, ако се земе предвид дека гршкиот гигант немаше за што да игра на оваа средба.

Првиот дел помина со рутинско водство на Зенит (47-40), а клучната предност ја направи во продолжението, кога се одлепи и не дозволи противникот да се надева на било какво чудо.

  • Извештај од натпреварот: 

Пангос со 33 поени го наполни гостинсkиот кош, а кај ПАО најефикасен беше Недовиќ со 20 поени. Противник во четвртфиналето на Зенит ќе му биде најуспешната екипа во лигата, Барселона

Оваа победа на Зенит значи дека Монако, како финалист на Еврокупот, ќе игра во Евролигата следната сезона, како и поуспешниот од мајсторката меѓу Виртус и Уникс Казан. Елитниот европски Куп го напушта шпанска Валенсија.