• Иван Димовски
Кошаркарите на Зенит Санкт Петербург успеаја да ја детронизираат ЦСКА Москва, откако ја добија „мајсторката“ со 81-75. Иако московјани ја имаа предноста на домашниот терен за одлучувачкиот натпревар, мотивираниот Зенит направи „брејк“ и не ѝ дозволија на ЦСКА десетти пат по ред да го освои тронот во руската ВТБ лига.
Домашната екипа во „Мегаспорт Арена“ имаше предност и играше добро. Во финишот на третиот период водеше со седум поени, но гостите успеаја да се вратат и да направат пресврт.
Со 19 поени најефикасен на овој дуел беше Џордан Мики, додека Лојд му помогна со 17, колку што уфрли и Каспер Вер од таборот на ЦСКА.
Зенит на Чави Пасквал во ова финале имаше 3-1 негатива во серијата. ЦСКА отвори со две победи, па ривалот славеше еднаш пред да дојде до првиот „брејк“. Сепак, московскиот гигант двапати не успеа да го одбрани домашниот паркет и му дозволи на Зенит првпат во својата историја да го крене трофејот.