Зекири: Репрезентацијата е одлично склопена и има шанса да ги помине претквалификациите

Зекири

Македонската репрезентација се подготвува за настап на претквалификациите за Светското првенство.

Селекторот Драган Бајиќ разгледува неколку млади репрезентативци. Меѓу нив се истакна Лејсон Зекири кој многу веројатно ќе добие место меѓу сениорите во наредниот период.

„Голема чест за мене е тоа што ја добив довербата од селекторот Драган Бајиќ преку оние селективни тренинзи. Овде има многу поискусни кошаркари од кои можеме многу да научиме, само треба вредно да тренираме во следниот период.

Одлично е тоа што играме на домашен терен затоа што во старт ќе имаме предност во однос на ривалите. Сметам дека репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите“, вели талентираниот кошаркар.

Претквалификацискиот турнир за Мундијалот ќе се одигра во Скопје, што ќе биде мала предност за нашите кошаркари.