Зекири и Пелистер си подадоа рака, центарот добива нов договор

Новата работна седмица во македонската кошарка започна како што заврши старата - со новини од најактивниот клуб оваа пролет, битолски Пелистер. Клубот постигна договор за продолжување на соработката со Јетмир Зеќири, кој дојде во Битола минатото лето од Кожув.

Овој искусен кошаркар се обврза на едногодишен договор со битолскиот прволигаш и недостига само официјализација на договореното, дознава Gol.mk. Младиот центар се наметна за време на прекинатата сезона и затоа е еден од првите кои клубот ги задржа во својот ростер. 

Во саботата Пелистер го официјализираше новиот тренер, Марјан Илиевски, кој ќе го наследи Љупчо Малинков и ќе ги води битолчани кон високи цели и место во плеј-офот. Нови членови на прволигашот од Битола се и Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, кои минатата сезона настапуваа за Кожув.

Управата на Пелистер засилено работи и најавува наскоро нови засилувања и продолжување на договорите со староседелците.