Здовц си замина, Цедевита на клупата доби шпански шмек

Екипата на Цедевита ја освои шампионската титула во Хрватска, но и покрај тоа реши да направи тренерска смена.

Од кормилото си замина Јуре Здовц, а него ќе го наследи 42-годишниот шпански тренер Сито Алонсо. Тој важи за искусен тренер затоа што во минатото ги предводеше екипите на Барселона, Басконија и Билбао.

Алонсо ја почна сезоната на клупата на Барселона, но по серијата лоши резултати доби отказ. Со Цедевита, Шпанецот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување.