• Зоран Мишевски

Словенечкиот стручњак Јуре Здовц е назначен за нов тренер на турска Бурса, соопшти денеска клубот на својата официјална веб-страница. Искусниот 56-годишен тренер на клупата на Бурса го наследи Душан Алимпијевиќ, кој неодамна го презеде Бешикташ.
За време на својата богата тренерска кариера, Здовц работеше во Крка, Слован, Босна, Сплит, Ираклис, Спартак од Санкт Петербург, Газиантеп, АЕК, Цедевита, Метрополитен, Олимпија Љубљана и Жалгирис. Здовц беше и селектор на словенечката репрезентација.
Како играч беше светски првак во 1990 година и европски првак во 1989 и 1991 година со репрезентацијата на Југославија.