• Александар Ковачев
Новиот шампион на Хрватска, загрепска Цедевита успеа да го реши тренерското место и во наредната сезона тимот од Загреб ќе го предводи Словенецот Јуре Здовц.
Минатата сезона, Здовц го предводеше тимот на АЕК, а на клупата на Цедевита доаѓа како замена за Вељко Мршиќ, кој го напушти тимот по освојувањето на трофејот. Покрај Здовц кандидати за испразнетото место беа поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ и Сашо Филиповски.
50-годишниот Здовц во својата кариера ги предводеше тимовите на Крка, Сплит, Ираклис, Олимпија, Слован, Газиантеп, а беше и на чело на репрезентацијата на Словенија.
