Завршниот турнир на Евролигата и наредната сезона ќе се игра во Германија

Берлин

Во изминатата сезона во Евролигата, Келн беше домаќин на најдобрите екипи на завршниот турнир во борбата за титулата.

Таа улога во наредната сезона ќе му припадне на Берлин. Се очекува тоа да биде првиот „фајнал-фор“ во пост-ковид ерата со публика на трибините.

Местото на кое ќе се одиграат натпреварите е прекрасната „Мерцедес-Бенц Арена“. Претходно германската престолнина беше организатор на завршницата од Евролигата во 2009 и 2016 година.

Капацитетот на салата е околу 14.500 гледачи. Челниците на натпреварувањето се надеваат дека ќе се исполни секое слободно место на дуелите кои се закажани на 27 и 29 мај.