Заврши состанокот со Милвоки, Антетокумбо донесе одлука!

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумбо имаше состанок со управата на Милвоки Бакс и донесе одлука околу својата иднина.

Кошаркарот кој беше МВП ќе игра во дресот на Милвоки и наредната сезона, а во 2021 година ќе биде слободен играч. Но, претходно, од Бакси ќе му понудат максимален договор од 254 милиони долари, па негово е дали ќе остане во тимот и понатаму.

Исто така, на состанокот на Антетокумбо му било ветено дека во тимот ќе пристигнат квалитетни играчи со кои би биле во борба за врвот во НБА-лигата.

Милвоки оваа сезона ги заврши настапите во полуфиналето на Источната конференција со пораз од Мајами.

Најнови вести од
НБА, САД