Заврши сагата околу потписот на Миротиќ, ќе игра за шампионот на Италија

Сагата околу иднината на Никола Миротиќ стигна на самиот крај. Олимпија од Милано соопшти дека потпиша со 32-годишниот Никола Миротиќ. Договорот беше парафиран со важност до летото 2026 година.

Никола летово се раздели со Барселона на две години пред истекот на договорот. Миротиќ беше на прагот на потпис со Партизан, но остана само на устен договор.

„Среќен сум што станав дел од ова големо семејство и што ќе придонесам за тимот и за целото семејство Олимпија Милано. Среќен сум што повторно ќе работам со тренерот Месина. Убеден сум дека ќе триумфираме оваа сезона и дека ќе ги направиме навивачите горди на својот клуб“, изјави Никола Миротиќ по потписот.

Пред поранешниот шпански репрезентативец во Милано пристигнаа Диего Флакадори, Маодо Ло, Исмаел Камагат, Алекс Појтрес.