• Иван Димовски
Со комплетирањето на последните натпревари од 34. коло на Евролигата, познати се и сите парови за доигрувањето во ова натпреварување. Реал Мадрид и Панатинаикос како водечки тимови ги чекаат своите ривали во плеј-офот, веќе се знаат два четвртфинални пара, како и два дуели од плеј-ин фазата.
Уште во четврток беа познати учесниците во плеј-ин сегментот. Макаби од седмата, Басконија од осмата, Ефес од деветтата и Виртус од десеттата позиција се пласираа во доигрувањето, додека извиси екипата на Партизан.
- Парови во плеј-ин фазата на Евролигата:
Макаби - Басконија
Анадолу Ефес - Виртус Болоња
Натпреварите од плеј-ин фазата се играат на 16 април. Досега се познати и два пара во плеј-оф сегментот на најелитното европско натпреварување.
- Парови во четвртфиналето на Евролигата:
Монако - Фенербахче
Барселона - Олимпијакос
Победникот од дуелот меѓу Макаби и Басконија во четвртфиналето оди на мегдан со Панатинаикос, додека поразениот ќе вкрсти со подобриот од дуелот на Ефес и Виртус, а потоа победникот вкрстува со Реал.