Заврши регуларниот дел, познати полуфиналните парови во АБА

Регуларниот дел во сезоната на АБА лигата е готов, со последните натпревари денес се спушти завесата на лигашкиот дел од натпреварувачката сезона, а со тоа се познати полуфиналистите и екипите кои испаѓаат од лигата. Кошаркарите на Морнар победија на гостувањето кај Игокеа и го избегнаа лидерот Црвена Звезда, па во полуфиналето ќе играат против сонародниците Будуќност

  • Полуфинални парови во АБА лигата: 

Црвена Звезда - Игокеа
Будуќност - Морнар

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, а старува веќе на трети мај кога ќе се одиграат првите натпревари. Вторите дуели се закажани за четири дена подоцна. 

Од АБА лигата директно испадна Приморска која отстапи и банкротираше, а во понизок ранг се враќа и Сплит кој не успеа да се извади во последното коло против Партизан. Хрватскиот тим ќе игра во плеј-аут сегментот со еден од второлигашите.