ВИДЕО: Заврши победничката серија на Денвер, Вориорси моќни и без Кари и Томпсон

Денвер Нагетс го доживеа првиот пораз на источната турнеја, која ќе ја заврши со натпревари со екипи од Западот. Во Минеаполис, домашниот тим беше поуспешен со 130-115.

По Детроит, Бруклин, Њу Орлеанс и Милвоки, на ред дојде Минесота. Сепак, Тимбервулвс беа пресилни за Нагетси, кои в четврток треба да гостуваат во Јута во дербито против стариот ривал на Западот. Денвер натпреварот го загуби во втората четвртина, во која одигра катастрофално во двете насоки и дозволи домаќинот резултатски да се одлепи. На крај Минесота беше многу поефикасна и славеше со 15 поени разлика.

Тоунс со 24 поени и 10 поени беше најефикасен во победничкиот табор, а резервистот Принс запиша 23 поени. Кај Денвер прв поентер беше Јокиќ со 21 поен и 16 скока.

Екипата на Голден Стејт Вориорс без Кари и Томпсон извојува значајна победа на гостувањето кај Сан Антонио Спарс со 120-124, со што ја продолжи одличната серија во шампионатот и стигна до 39. овосезонски триумф.

Во отсуство на првите ѕвезди на тимот, кај Вориорси поголема слобода имаше Пул, кој натпреварот го заврши со 31 поен, додека во домашниот табор Мареј постигна 27 поени.

На останатите натпревари Детроит загуби од Њу Орлеанс, Вашингот од Милвоки, додека Торонто и Чикаго беше поуспешни од Мајами и Орландо.