Заврши финалната серија и за Димитар Караџовски?

Македонскиот кошаркарски првак Работнички се соочува со голем проблем пред третиот натпревар од финалната серија со МЗТ Скопје, затоа што многу веројатно завршена е и финалната серија за Димитар Караџовски.

Повремениот македонски репрезентативец кој игра како плејмејкер се здоби со незгодна повреда уште во првиот период од мечот во СЦ „Борис Трајковски“ против МЗТ и не влезе да игра до финишот.

Лекарските прегледи утврдиле дека се работи за незгодна повреда на скочниот зглоб, чија тежина дополнително ќе се утврдува. Прогнозните не се оптимистички, па многу веројатно финалната серија заврши и за него.

Претходно, Работнички поради повреда го загуби и првиот плејмејкер Димитар Мираковски.

Третиот меч од финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Работнички се игра в четврток, во Аеродром, а доколку МЗТ победи, ќе се врати на шампионскиот трон.