Заврши „доминацијата“ на Леброн и Кари: НБА доби нов рекордер по продадени дресови

По крајот на регуларната сезона се направија доста пресеци, па така е и во продажбата на дресови. По единаесет години е прекината доминацијата на Леброн Џејмс и Стеф Кари во оваа категорија. 

Во 2025 година се продадени најмногу дресови на Лука Дончиќ кој направи трејд од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс. Словенечката ѕвезда успеа да ја победи конкуренцијата која доминира со најмногу продадени дресови од 2014 година наваму. Во тој период четири години беа продадени најмногу дресови на Кари, а седум на Леброн. 

Сега токму тие двајца се зад водечкиот Дончиќ, со Кари на второто, а Леброн на третото место. Четврти е Џејсон Тејтум, а петти дресот на Џејлен Брансон. Во топ десет се уште Вембањама, Едвардс, Морант, Гилџус александер и Јокиќ.