Заврши доминацијата на Будуќност, Морнар нов шампион на Црна Гора!

Кошаркарите на Морнар Бар се новите шампиони на Црна Гора, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совладаа Будуќност со 75-63 и ја добија серијата со 3-1. Воедно денешната титула на Морнар е и прва во Црна Гора за друг тим, по 11-те титули по ред на Будуќност.

Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ, кои ја освоија АБА лигата, во серијата против Морнар беа немоќни и тимот од Бар сосема заслужено ја слави својата прва шампионска титула.

Денешниот натпревар мина во доминација на домаќините, кои во ниту еден момент на гостите од Подгорица не им дозволија да се надеваат дека можат да славата победа и да обезбедат евентуална „мајсторка“ на свој терен. Морнар на полувреме имаше позитива од +10 (39-29), а тимот на Џикиќ единствено на стартот на третата четвртина по серијата од 6-0 успеа да спушти на -4 (39-35), но тоа беше се, па на крајот Морнар славеше заслужена победа од 75-63.

Будуќност поради освојувањето на АБА-лигата ќе настапува во Евролигата, а тимот на Морнар најверојатнo повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите на ФИБА.