• Иван Димовски

Еден од најголемите трејдови во поновата историја на НБА лигата е официјализиран, откако Јанис Адетокумбо ја заврши својата ера во Милвоки Бакс и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Мајами Хит.
Двократниот МВП на НБА лигата се сели на Флорида во спектакуларен трејд меѓу Мајами и Милвоки, а заедно со него во новиот клуб пристигнува и Боби Портис. Во спротивна насока заминуваат Тајлер Хиро, Кел'ел Вер, Хајме Хакез Џуниор и Каспарас Јакучионис.
LET’S FREAKIN’ GO!
Welcome to Miami, @Giannis_An34! pic.twitter.com/km0CdVJZYL
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) July 6, 2026
Адетокумбо целата досегашна НБА кариера ја мина во Милвоки, кој го избра како 15. пик на драфтот во 2013 година. За 12 сезони се изгради во еден од најдоминантните кошаркари во светот, освои две МВП признанија и во 2021 година ги предводеше Бакс до шампионската титула.
Неговото заминување се најавуваше подолго време, особено по јавните критики кон раководството на клубот, откако не му беше дозволено да се врати на теренот по хиперекстензијата на левото колено. Со доаѓањето на Адетокумбо, Мајами јасно испрати порака дека повторно има шампионски амбиции и дека ќе атакува на четвртата титула во клупската историја.
