Затворени и кошаркарските сали во Македонија: КФСМ ги суспендира сите натпреварувања

Ако претходните кола се одиграа без публика, од раководството на Кошаркарската федерација донесоа одлука да ги суспендираат сите натпреварувања под нивна палка.

Од редовите на федерацијата денес ја информираа јавноста дека со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите се решија решија на неодредено време да ги откажан сите кошаркарски настани во нашата држава.

 „Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период.

КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи.

Затворени и кошаркарските сали: КФСМ ги суспендира сите натпреварувања“, се вели во соопшението на КФСМ.

КФСМ е првата федерација која се реши за ваков чекор, но многу веројатно истото ќе го сторат и останатите федерации од нашата држава.

Кошарка нема да се игра ниту во Шпанија и САД, а одложени се и сите натпревари од Евролигата и Еврокупот.