ВИДЕО: Застрашувачка доминација на Клиперси, Торонто без проблеми против Јута

Ленард Џорџ

Дуото на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ, постигна 65 поени и беше најзаслужно за победата над Вашингтон (150-125). Тимот на Док Риверс полека да почнува да функционира според очекувања, а тоа се одрази врз ефикасноста на овој меч. Гостите парираа само една четвртина и немаа што да бараат на ова гостување во Калифорнија.

Шампионот Торонто предводен од одличниот Паскал Сиакам беше поуспешен од незгодната Јута (130-110). Камерунскиот интернационалец постигна 35 поени со кои беше најголемиот проблем за цврстата одбрана на „џезерите“.

Орландо ја продолжи мизерната сезона на Голден Стејт (100-96), Детроит неочекувано лесно го растури Сан Антонио (132-98), а  Оклахома Сити тесно славеше на гости кај Њу Орлеанс (104-107).