Засилувањето на Реал веднаш се повреди, Гаруба во „аут“ подолг период

Кошаркарот на Реал Мадрид, Осман Гаруба, ќе паузира меѓу шест и осум недели. 22-годишниот крилен центар има повреда на левата нога и нема по добро да го памети ова лето. 

Тој нема да игра во завршницата на шпанскиот Суперкуп на 21 и 22 септември во Мурсија. Таму,  Реал во полуфиналето ќе се соочи со вечниот ривал, Барселона.

Гаруба последните три сезони ги одигра во НБА лигата и тоа во  екипите на Хјустон и на Голден Стејт. 

Реал Мадрид ова лето го врати и Ибака, а на истек од договорот заминаа Козер, Поаре, Јабуселе и „пензионираните“ Родригез и Фернандез.