Засилени безбедносни мерки во Њујорк, Доналд Трамп ќе навива за Никс!

Управата на Њујорк Никс воведува посебни безбедносни мерки за третиот натпревар од НБА финалето поради најавеното присуство на американскиот претседател Доналд Трамп во „Медисон Сквер Гарден“.

Според информациите од американските медиуми, локалните и федералните безбедносни служби подготвиле засилени протоколи за заштита, што значително ќе ја промени организацијата на натпреварот. Околината на арената ќе биде под засилена контрола, а дел од улиците во близина ќе бидат затворени за сообраќај и пешаци.

На навивачите ќе им биде дозволен влез само со важечка билет-карта, а сите посетители ќе мора да поминат низ детални безбедносни проверки. Дополнително, ќе важат строги ограничувања за внесување торби и други лични предмети во арената.

Безбедносните служби проценуваат дека станува збор за настан од висок ризик, поради што ќе бидат ангажирани дополнителни полициски сили и агенти на Тајната служба.

Никс се надеваат дека засилените мерки нема да влијаат на атмосферата во салата и дека натпреварот ќе помине без инциденти, додека вниманието на љубителите на кошарката останува насочено кон борбата за шампионскиот трофеј. Третиот натпревар од финалната серија против Сан Антонио Спарс ќе се одигра на деветти јуни, со почеток во 02:30 часот.