Започнува распадот на Монако: Првата ѕвезда на тимот најави заминување!

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, откри дека ќе го напушти клубот по завршувањето на тековната сезона. 

Американецот на гостување во подкаст потврди дека неговото заминување е сигурно, ставајќи крај на дилемите околу нивната иднина.

„Сигурно заминувам. Ова е мојата последна сезона тука. Минав прекрасни моменти во Монако, но време е за нов чекор во кариерата“, изјави Џејмс. 

Во однос на иднината, тој посочи дека постои можност да ја продолжи кариерата во некој од европските гиганти, при што како една од опциите се споменува Барселона, но не ја исклучи ниту Италија или други дестинации.

Џејмс истакна дека сака да ја заврши сезоната на најдобар можен начин со Монако, пред да направи следен чекор во кариерата.

Заминувањето на Џејмс и други играчи е уште еден сигнал за промените што се очекуваат во Монако, кој се соочува со сериозни финансиски предизвици.