Започнува битката за тронот, сè за плеј-офот во НБА!

Регуларниот дел од НБА сезоната заврши, а сега прво започнува битката во плеј-инот, а потоа и во плеј-офот, по што ќе дознаеме кој е најдобриот тим во најсилната кошаркарска лига во светот.

Тимовите пласирани од седмото до десеттото место во двете конференции ќе се играат плеј-ин од 14 до 17 април. Според правилата, ќе играат седмиот против осмиот, а деветтиот против десеттиот тим од регуларниот дел од сезоната.

Победникот од натпреварот помеѓу седмиот и осмиот оди во плеј-офот, а поразениот од тој дуел оди кај победникот од натпреварот помеѓу деветтиот и десеттиот. Најдобриот од тој натпревар ќе биде последниот учесник во плеј-офот.

Во пракса, ова значи дека Феникс ќе се сретне со Портланд во Западот. Кој и да победи оди во плеј-офот, а поразениот го чека дома подобриот од дуелот Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт. Во Истокот, Филаделфија игра против Орландо. Кој и да победи ќе игра плеј-оф, а поразениот ќе има уште една шанса со подобриот од дуелот помеѓу Шарлот и Мајами.

Засега се познати четири пара од плеј-офот, кој започнува на 18 април, а најдобрите тимови од Западот, Оклахома и Сан Антонио, и од Истокот, Детроит и Бостон, го чекаат исходот од плеј-инот.

Денвер Нагетс ќе ја пречекаат Минесота во првото коло на Западот, кое започнува на 18 април, и ќе имаат предност на домашен терен. Истото важи и за Лос Анџелес Лејкерс, ќе се судри со Хјустон, кој го освои петтото место. Во Истокот, Њујорк Никс ќе ги одмери силите против Атланта, додека Кливленд ќе го пречека Торонто.

Гранд НБА финалето, во кое ќе се натпреваруваат најдобрите тимови на Западот и Истокот, е на програмата од 3 јуни и теоретски, ако има сите седум натпревари, ќе заврши на 19 јуни.