Започна втората фаза кај кошаркарките, Вардар и Бадел остануваат во битка за третото место

Со одигрувањето на средбата во Македонска Каменица, во која Баскет Кам славеше очекувана победа над Спорт тим од Неготино, беше комплетирано првото коло од втората, Оролоџо фаза од Шпаркасе Лајф Првата женска кошаркарска лига.

Баскет КАМ извојува победа од 69-55, доминирајќи во текот на целиот натпревар. Димова дојде до „дабл-дабл“ ефект од 20 поени и 14 скока, Максимовска додаде 14, а Дојчинова уште 11 поени за екипата од Македонска Каменица. Кај гостите Митановска дојде до двоен ефект од 13 поени и 11 скока, најефикасна, со 16 поени беше Лукиќ, додека Динова додаде 13 поени.

Вардар минимнално го надигра Пробаскет со 76-73, а пак доминиаше капитенот Тасевска, автор на 19 поени.

Шпаркасе лајф лига
Оролоџо - Прво коло:

Баскет кам – Спорт тим 69-55
Вардар – Пробаскет 76-73
Бадел 1862 - МЗТ Бела вода 80-54
Крива Паланка – Патриот 2016 100-84