Запиша 900 плеј-оф минути и 11 дена по НБА финалето Дончиќ заигра и блесна за Словенија

Словенечката кошаркарска репрезентација во пријателски натпревар го совлада Бразил (86-80) во рамките на подготовките за настап во квалификациите за Олимписките игри. 

Иако се споменуваше дека првата ѕвезда на Словенија е под знак прашалник за наста, сепак Лука Дончиќ им покажа на сите како треба. Плејмејкерот на Далас кој влечеше неколку повреди и одигра 900 минути во плеј-офот на НБА лигата, само 11 дена по последниот меч од финалната серија против Бостон заигра за репрезентацијата. 

Не само што заигра, туку со 32 поени беше најдобар играч на паркетот и ги поведе Словенците до триумф против Бразилците. Иако беше само прв пријателски натпревар, Дончиќ испрати порака дека е максимално посветен и подготрен за игра. 

Следната седмица во Атина селекцијата на Словенија ќе игра во квалификациите за Олимписките игри, а ќе биде во група со Грција, Доминиканска Република и Нов Зеланд.