• Саше Љолес
Еден од најпрепознатливите Американци во Евролигата, Кори Хигинс, реши да ја заврши својата полодна кариера и заминува во пензија по истекот на следната сезона, јавија повеќе медиуми на стариот континент.
Двократниот освојувач на елитното натпреварување веќе има полни 34 години и се работи за еден од најценетите американски кошаркари кои настапувале во Европа. Долж кариерата просечно бележеше 11,6 поени, 2,2 скока и 1,9 асистенција по натпревар, а во историјата на Евролигата се наоѓа на 25. место по бројот на вкупно постигнати поени.
Хигинс двапати ја освои Евролигата со ЦСКА Москва, а играше уште и за Барселона, каде впрочем и го одигра последниот натпревар. Француските медиуми пишуваат дека добил отворена понуда од Монако, па доколку ја прифати, последната сезона ќе ја мине во дресот на тимот кој беше на чекор до пласман на завршниот турнир.
Кариерата ја започна во Шарлот Бобкетс, а во Европа играште и за тимот на Газиантеп од Турција.