Замина од Партизан и веднаш доби нов ангажман во НБА лигата

Шарлот Хорнетс официјално добија ново засилување за новата сезона. Се работи за плејмејкерот Двејн Вашингтон, кој доаѓа од редовите на белградски Партизан. 

24-годишниот кошаркар беше претставен во новата средина, а „црно-белите“ од Србија добиваат 900.000 евра како компензација за трансферот. 

Преминот на Вашингтон во Хорнетс е всушност дел од трејдот во кој централно внимание има Карл Ентони-Таунс, кој замина во редовите на Њујорк Никс. 

Вашингтон досега има 79 настапи во НБА лигата и просечен учинок од 9,1 поени, 1,5 скока и 1,9 асистенции, а претходно го носеше дресот на Индијана Пејсерс, Феникс Санс, Форт Вејн Ентс и Весчестер Никс.