• Саше Љолес
Шпанецот Жоан Пењароја е официјално именуван за нов тренер на кошаркарскиот гигант, Барселона, соопшти клубот на своите социјални мрежи.
55-годишниот стратег потпиша двегодишен договор и доаѓа на местото на Рожер Гримау, кој заработи отказ поради лошите резултати минатата сезона. Барса не успеа да се пласира на завршниот турнир во Евролигата, а во домашното првенство беше „исчистена“ од Реал Мадрид уште во полуфиналето.
Новиот тренер Пењароја минатата година беше без клуб, а претходно ги предводеше Басконија, Валенсија, Бургос, Манреса и Андора.