• Саше Љолес
Новото засилување за Анадолу Ефес, Стенли Џонсон, доживеал вистински хорор во Истанбул, откако два куршума го погодиле прозорецот од неговиот стан кој се наоѓа на дваесеттиoт кат во една станбена зграда.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала со прибирање докази, а среќна околност е што никој не се здобил со никакви повреди. Уште еден куршум завршил во станот еден кат подолу, но таму во тој момент немало никој.
Турските власти засега ја исклучуваат можноста дека се работи за напад врз кошаркарот на Ефес. Стенли Џонсон сезонава одигра во просек само дванаесет минути по натпревар, а претходно девет сезони беше дел од НБА и Џи лигата.