ВИДЕО: Залудни 45 поени на Лавин, рутинска победа за шампионот во Тексас

Клиперс

Одличниот Зак Левин ја продолжи серијата да постигнува над 35 поени по натпревар, но неговите 45 поени овојпат не беа доволни за Чикаго Булс да запише победа кај Лос Анџелес Клиперс (130-127). Гостите постојано беа во игра за триумфот кај големиот фаворит, но на крај попуштија во завршницата пред Каваи Ленард (35). 

Без Кајри Ирвинг, екипата на Бруклин Нетс доживеа нов пораз, овојпат од Оклахома Сити Тандер (116-129). Во ростерот се врати Кевин Дурант (36), но сам не можеше да се избори против тимската игра на противникот. 

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс полесно од очекуваното славеше кај Хјустон Рокетс (102-120). Фантастичното прво полувреме беше одлучувачко во оваа победа на „езерџиите“, за кои најдобар поединец беше Ентони Дејвис со 27 поени.

Интересен натпревар одиграа Голден Стејт Вориорс и Торонто Репторс (106-105). Ветеранот Кајл Лаури направи несмасен фаул во последните секунди и му овозможи на Дејмиен Ли од слободни фрлања да го заоркужи триумфот.

Денвер Нагетс, предводен од Никола Јокиќ, се радуваше кај Њујорк Никс (89-114), а Минесота запиша домашна победа над Сан Антонио (96-88).