• Сашо Поповски

Јанис Антетокумбо постигна 40 поени, но неговата Грција загуби на квалификацискиот меч во Белград против Србија (100-94).
Домашната репрезентација играше дополнителни пет минути за да ја оствари целта. Никола Јокиќ беше вистински лидер и најзаслужен за славјето, со неговите 29 поени, осум скока и шест асистенции.
Србите имаа контрола врз резултатот до последниот период. Во тие десет минути грчките кошаркари се вратија во игра и изборија егал по завршувањето на регуларниот тек од мечот. Носени од публиката, домашните играчи прикажаа подобро издание во финалните моменти и заслужено се израдуваа на победата.
Словенија немаше проблеми против Естонија (104-83), Белгија ја надигра Велика Британија (72-57), Германија беше подобра од Шведска (50-67), а Летонија ја декласира Турција (111-85).