Залуден триумф на Грција, Чешка блиску до четвртфиналето на СП

Јанис Грција

Репрезентацијата на Чешка и со поразот од Грција (77-84) е блиску до четвртфиналето на Светското првенство во Кина

Грците подобро започнаа и поведоа по првите десет минути. Но, потоа наидоа на поинаков противник во продолжението, па нивната предност веднаш ја снема. Чесите одиграа одлично во одбрана, а се надоврзаа со добра игра во нападот за на полувреме да заминат со минимално водство од 33-32.

Најдобриот период за грчката репрезентација беше третиот, во кој постигнаа 25 поени и одново се одлепија. Меѓутоа играчите предводени од Танасис Скортополус не издржаа до крај и попуштија кога беше најпотребно. Противникот се врати на -2 на две минути до крајот и успеа да ја оствари својата намера, а тоа беше да загуби со помала разлика од 11 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

Залудни 27 поени постигна Калатес, а незадржлив кај Чешка беше Бохацик со 25 поени.