ВИДЕО: Залуден „трипл-дабл“ за Јокиќ во Јута, Минесота славеше против „воините“

Јокиќ

Донован Мичел ја водеше Јута Џез во голема победа на гости кај Денвер Нагетс (102-125). Тимот од Колорадо продолжи да се мачи и не искористи нов „трипл-дабл“ на Никола Јокиќ од 25 поени, 15 скока и 14 асистенции. На спротивната страна Мичел запиша 31 поен и доби доволна помош од соиграчите за да се оствари позитивен резултат.

Голден Стејт Вориорс, кој подолг период ќе биде без Дрејмонд Грин, загуби кај Минесота Тимбервулвс (119-99). На натпреварот не настапи ниту Стеф Кари, па тоа беше одлична прилика, која домашните кошаркари без проблем ја искористија. Тие постојано имаа контрола над мечот и ја запечатија победата во последната четвртина. Карл Ентони Таунс со 26 поени и 11 скока беше прво име кај домашната екипа.

Впечатокот од последниот период го расипа Сакраменто Кингс кој дозволи Хјустон Рокетс од неговиот терен да замине со цел плен (112-118).