ВИДЕО: Залуден „трипл-дабл“ на Бил, Торонто по две продолженија подобар од Вашингтон

Екипата на Торонто Рапторс забележа голема победа во НБА-лигата во супердраматичен меч против Вашингтон, во кој по две продолженија „репторси“ успеаја да слават со 140-138.

Торонто се врати од бездната во последните 12 минути, затоа што од „минус четиринаесет“, дојде до егал меч (84-98). Во последните 20 секунди од мечот се влезе со изедначен резултат (124-124), а и двата тима имаа по еден напад за триумф, кој не го реализираа. Прво промаши Торонто, преку Ленард, за потоа во финишот да шутира Грин, но и неговиот обид заврши безуспешно.

Во првото екстра-време се играше изедначено, а Лаури промаши напад за триумф (131-131), додека во вторите додатни пет минути, подобри беа шутерите на Торонто, за голем триумф. Клучната тројка ја постигна Ибака, на 15 секунди пред крајот.

Кај победникот Ленард даде 41 поен со уште 11 скока, додека Сиакам исто така имаше дабл-дабл, од 24 поени и 19 скока. Кај Вашингтон, залудна беше одличната партија на Бил, со „трипл-дабл“ - 43 поени, 15 асистенции и 10 скока.

Екипата на Филаделфија 76ерс забележа нов триумф во НБА-лигата и на гостувањето кај Њујорк Никс славеше со 108-105, полн плен со кој се задржа чекорот со Индијана и Милвоки во конференцијата. Њујорк Никс го доживеа третиот пораз од Филаделфија сезонава, а до триумф тимот го водеа Симонс, Редик и Ембид, сите дадоа преку 20 поени.