• Иван Димовски
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс поведоа со 2-1 во осминафиналната серија во НБА лигата против Лос Анџелес Лејкерси. Домаќинот во Минесота ја искористи предноста на својот терен и слави со 116-104. Се играше целосно израмнет натпревар, двете екипи се менуваа во водството, а Тимбервулвси имаа повеќе концентрација кога беше најпотребно. Откако на семафорот стоеше 103-103, домашните направија серија од 13-1 и стигнаа до победата.
- Минесота Тимбервулвс - Лос Анџелес Лејкерс:
Леброн Џејмс беше најдобар поединец на мечот со 38 поени и 10 скока. Во Минесота се истакнаа Мекдениелс со 30, Ентони Едвардс со 29 и Џулиус Рендал со 22 поени.
Милвоки Бакси останаа „живи“ во серијата со Индијана Пејсерс и славеа на првиот домашен меч со 117-101. Јанис Адетокумбо со „дабл-дабл“ од 37 поени и 12 скока, како и Гери Трент кој заврши со 37 го водеа тимот на Милвоки до победата. Паскал Сиакам од Индијана уфрли 28 поени.
- Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс:
Прва победа во својата серија забележаа и кошаркарите на Орландо Меџик против Бостон Селтикс (95-93). Не беше доволна одличната партија на Џејсон Тејтум (36 поени, 9 скока), бидејќи дуото на „магичните“ Вагнер (32 поени, 8 асистенции, 7 скока) и Банчеро (29 поени, 6 скока) донесоа домашна радост.
- Орландо Меџик - Бостон Селтикс:
НБА возбудувањата продолжуваат вечерва со два натпревари во „европско“ време и два по полноќ.