Закаснет финиш на Жалгирис, добриот старт на Зенит продолжи во Каунас

Зенит

Зенит го продолжи добриот старт на новата сезона и прослави голем триумф на гости кај Жалгирис (64-70) во второто коло од Евролигата.

Рискиот тим докажува дека атакува на висок пласман во елитното натпреварување. Денес имаше решение за секој обид на домаќинот да се врати во игра, по стекнатата предност во првиот дел.

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, кога се одлучуваше победникот. Литванскиот првак успеа да намали и да ја врати надежта за пресврт. Меѓутоа, расположениот Џордан Лојд поентираше на 27 секунди до крајот и го обезбеди успехот на својата екипа.

Лојд беше прво име кај Зенит со 19 поени. Помош доби од Били Барон кој заврши со 11 поени. Јанис Стрелниекис со 11 поени беше најефикасен кошаркар кај Жалгирис.

Вториот пораз за тимот од Каунас значи пад во долниот дел на табелата. Рускиот клуб, пак, прв се издвои на табелата, со перфектен скор по воведните два меча.