Загреб добива нов кошаркарски проект - КК Динамо започнува со работа

Градот Загреб објави нов проект откако го презеде кошаркарскиот клуб Рудеш и го именуваше во Динамо. Така, по фудбалскиот и ракометниот клуб, овој град доби и екипа која во иднина би можела да конкурира и во АБА конкуренцијата.

Амбициите на градот се високи, а за тоа најдобро зборува фактот дека на во структурата на клубот важна улога ќе има тренерот со огромно искуство, кој беше асистент во НБА лигата во екипите на Атланта и Мемфис, Невен Спахија. 

Грбот на КК Динамо е сличен како оној на клубот од „Максимир“, па тоа ги привлече и најжестоките фанови од Загреб, популарните „Бед блу бојс“.

Сепак најавите од Хрватска велат дека меѓу трите клубови не постои поврзаност, иако има многу сличности.