• Саше Љолес
Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја шокантен пораз од Задар на отворањето на новата сезона во АБА лигата (79-85), приредувајќи им непријатно изненадување на домашните навивачи.
„Црвено-белите“ имаа проблеми во текот на целиот меч и постојано „бркаа“ негатива, додека Задар беше неверојатно расположен за игра и го „торпедираше“ домашниот тим од сите страни.
Гостите од Хрватска постигнаа дури 15 „тројки“, а ништо полоши не беа ни од поле, така што ссоема заслужено извојуваа голема победа кај еден од главните фаворити за највисок пласман.
Најефикасен поединец на мечот беше Црногорецот Владимир Михајловиќ, кој постигна 21 поен за Задар, а уште 18 придодаде Хрватот Карло Жганец. Ебука Изунду и Семи Ојелеје постигнаа по 15 поени во редовите на Црвена Звезда.







